Возач на “Мерцедес” во Македонија летал со 212 километри на час, полициjaта го yлови на paдap (Фото)

Во рамки на вчерашната акциска контрола за брзо возење полиција со помош на радар на автопатот Тетово-Гостивар откри возач кој се движел со 212 километри на час. Акцијата е спроведена во периодот од 12 до 20 часот.

Вчера (03.01.2021) во периодот од 12.00 до 20.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина, во која вкупно биле откриени и законски санкционирани 120 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, од кои 101 на поширокото тетовско и 19 на гостиварското подрачје. Покрај тоа, при контролата биле откриени и 3 други видови прекршоци.

Исто така, во текот на вчерашниот ден во овој период реализирана е и акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол. Во оваа акција санкционирани биле 4 возачи (ТЕ), кои управувале возило со присуство на алкохол повеќе од дозволеното, а констатирани се и 48 други видови прекршоци (ТЕ-32 и ГВ-16), од кои најмногу управување без возачка дозвола, возачи-почетници и така натаму.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.