Воен удар во Русија? Пригожин објави дека “Вагнер” го презеде Ростов и се подготвуваат да тргнат кон Москва

Шефот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, тврди дека неговите единици ја презеле контролата врз градот Ростов на Дон, додека претседателот на Русија се подготвува за вонредно обраќање до јавноста.

Војската шета низ Ростов, а патролираат оклопни возила.

Пригожин кажа дека силите на „Вагнер“ ќе продолжат да го блокираат градот и ќе се движат кон Москва, освен доколку началниците на одбраната Сергеј Шојгу и Валери Герасимов не дојдат да го пречекаат.

Пригожин тврди дека официјалните власти ги кријат бројките за руските загуби кои се неколку кратно поголеми од тоа што е објавено во јавноста.

Да потсетиме дека војниците на групата „Вагнер“ под контрола на Пригожин тргнаа кон Ростов на Дон, по неговото обвинување дека руската армија ги „уништува“ неговите борци.

Пригожин вети дека ќе го запре „злото“ на военото раководство и го најави „маршот на правдата“ на неговите војници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.