Водата како најголемо богатство – успешна едукативна работилница во ОУ „Елпида Караманди“ во Битола (ФОТО)

На 02.04.2026 г. во ОУ „Елпида Караманди“ – Битола, се одржа едукативна работилница посветена на значењето на водата, во организација на Инервил клуб Битола, со поддршка на ЈКП Водовод Битола.

Настанот е дел од интернационалниот проект „Водата е живот – чувај ја водата, чувај ја иднината“, во кои учествуваат клубови од Турција, С.Кипар и Бугарија.

Учениците блеснаа со креативност преку рецитали, драматизации и интересни презентации, испраќајќи силна порака за заштита на водните ресурси.

Особен акцент беше ставен на стручните презентации, при што вработените од ЈКП Водовод Битола: технолог Лела Ацевска и инженер Александар Велјановски, ги презентираа процесите на преработка и контрола на водата за пиење, како и новите инвестициски проекти на претпријатието.

Благодарност до сите учесници за инспиративниот настан и прекрасната енергија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.