Христо Христов, маестро диригент при Филхармонијата во Варна, културен работник, Претседател на меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“, масон и внук на Гоце Делчев, во своето гостување во вечерашната емисија „Прашањето ми е следно“ со Александар Митовски на порталот “Инфомакс”, зборуваше за потеклото на неговиот прадедо.
„Нашето разбирање, и моето, така сум воспитан, е дека луѓето кои се Македонци се луѓето кои доаѓаат од Македонија. Гоце Делчев е Македонец. Апсолутно. Сите се Македонци штом доаѓаат од Македонија. Така е целото семејство. Бидејќи се од таму, се Македонци“, истакна Христов.
Целата емисија погледнете ја во продолжение: