Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 14 степени, а дневната од 18 до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 9 степени, а дневната до 26 степени.