ВНИМАТЕЛНО! Повеќе чешми низ прилепско со неисправна вода за пиење! Еве каде се наоѓаат

Не е исправна водата за пиење од чешмите во населените места во Прилепско. Водата од крајпатната чешма на село Штавица, селото Плетвар, кај ресторанот „Че“, од јавните чешми во Леништа, Ореовец, Прилепец, Волково, населено место Чумово, Мало Рувци и Беловодица што се наоѓаат среде селата.

Водата од овие чешми според Центарот за јавно здравје не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути.

Овие се препораките на медицинските стручњаци од Центарот за јавно здравје од Прилеп, по редовните анализи на квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населени места, каде што нема водоводи, a коишто се во ингеренции на ЈКП „Водовод и канализација“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.