ВНИМАНИЕ: Немојте да го чувате мобилниот телефон покрај главата во текот на ноќта – Еве и зашто

Пет девојчиња од 9-то одделение во едно училиште  во Данска извеле интересен експеримент кој предизвикал огромно внимание, а сликите кои ги објавиле на интернет предизвикале бурни реакции на многу истражувачи, биолози и експерти за зрачење од Англија, Холандија и Шведска.

mobilni-telefon-zracenje-600x405-87971

Експериментот се состоел во тоа што тие следеле како се развива семе на идентични билки во две простории со идентични положби во однос на сонцето, еднакво количество на вода и иста температура но со една разлика што во едната просторија ставен е рутер за безжичен интернет кој емитува зрачење исто како обичен телефон.

По 12 дена семето во собата каде што бил рутерот воопшто не никнало, а некои семки буквално угинале. Билките кои излегле од семињата во просторијата без зрачење сосема нормално напредувале и биле потполно здрави.

Младите истражувачи всушност сакале да го свртат вниманието на тоа како мобилниот телефон, кои повеќето од нас го чуваат покрај креветот во близина на главата, влијае на сонот и на концетрацијата, но такво нешто било невозможно да го измерат во училиште , па одлучиле тоа да го покажат со растенијата.

Откако го виделе резултатот од експериментот, ниту една повеќе не спие со телефонот покрај креветот.

– Навистина е застрашувачки дека зрачењето има толку големо влијание на живите суштества, па со тоа секој поединец треба добро да поведе сметка. Во текот на ноќта телефонот искучете го или ставете го во друга просторија, а компјутерот мора да биде исклучен додека спиете, вели леа Нилсен, една од девојчињата.

Експериментот покажал колку зрачењето е штетно, а вие добро размислете дали и во иднина во текот на ноќта ќе го чувате мобилниот во близина на главата.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.