ВНИМАНИЕ ! Ако денес ви се случи ова, веднаш проверете ги вашите податоци на Фејсбук

Од Фејсбук соопштија дека речиси 50 милиони корисници се изложени на безбедносен ризик.

Ранливоста во заштитата на податоците на корисниците хакерите можат да ја искористат преку опцијата “View As”. Компанијта на почетокот од оваа недела откри дека имало упад во системот, откривајќи дека хакерите ја искористиле опцијата во кодот на Фејсбук која им овозможила да преземат податоци.

Фејсбук ја “среди” оваа ранливост на системот и како што наведоа, за се’ се известени надлежните органи.

Денес речиси 50 милиони корисници морале да се одјават од својот профил, што е вообичаена мерка на безбедност за податоците кои се нападнати.

“Приватноста на нашите корисници, како и безбедноста на нивните податоци ни се особено важни, многу ни е жал што се случи ова”, изјави Гај Розен, првиот човек во безбедносниот сектор на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.