СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.Б.(38) од Прилеп поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Тој, по објава од еден портал на социјалната мрежа Фејсбук, напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство – информираат од МВР.