Испитувањата кои ги направи ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп, покажаа дека водата од чешмата кај ресторанот „Че“ не е здравствено исправна и не смее да се користи за пиење.
Исто така, не е здравствено исправна ниту водата од јавните чешми сред село во населените места Леништа и Ореовец, како и во с.Беловодица. Водата од овие чешми не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути.
Медицинските стручњаци од прилепскиот Центар за јавно здравје, информираат дека водата од месноста Ѓумушица крајпатна и од локалниот водовод во с.Алинци одговара на испитаните параметри, но не е безбедна од накнадно загадување заради отсуство на резидуален хлор.