Сериозна опасност демнее околу поранешното мини ресторанче во “Паркот на револуцијата” во Прилеп.
Просторот каде се наоѓаше едно од најубавите и најпосетуваните катчиња, особено во летниот период, изгоре во пожар кон крајот на минатата година, но местото крие опасности.
Рѓосани шајки има насекаде, па со тоа постои можност за сериозни повреди доколку не се внимава.
На ова реагираа родители кои ја забележале опасноста околу своите деца, па преку социјалните мрежи апелираат возрасните да внимаваат на себе, но и на своите најмили.