Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против 30-годишниот З.Ј. од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 11.05.2018 година во 10,55 часот во Кавадарци на улицата “Илинденска” од банкомат пријавениот, од дебитната картичка на Д.Ѓ. која истата ја заборавила во банкоматот, подигнал 11.100 денари.