СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.А.(73) од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
На 20.07.2022, на објава на портал на социјалната мрежа Фејсбук, пријавениот поставил коментар со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство – информираат од МВР.