Кога пред неколку дена во Виена отишол да подигне пари од банкомат, Бен Тедеско приметил нешто навистина необично. Како што сам признава во текстот под видеото, кое е објавено на Јутјуб, тој е параноичен и секогаш ги проверува банкоматите.
Кај овој читач на картички приметил неколку ситни гребнатини и малку лепило.
Ова видео за само два дена беше погледнато од повеќе од 1,7 милиони луѓе, а Бен Тедеско за сето ова ја извести и локалната полиција.
А.Г.