ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ НАСЕДНЕТЕ: И за ова се лаже во Македонија

Б.Д.(76) од село Бање, кочанско, вчера во 18:15 часот во Полициската станица Кочани пријавила дека околу 16:00 часот во нејзинот двор во село Бање била измамена од едно лице.

Според пријавеното, лицето ѝ ветило дека за сума од 7.500 денари ќе ѝ донесе три кубни метри огревно дрво. Б.Д. му ги дала парите, по што лицето заминало и не се вратило. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.