ВМРО-ДПМНЕ најави нов пpoтecт пpoтив како што велат мафиjaта на влacт
“Мафијата направи 40 илјади невработени за 5 месеци, историски пад на БДП од 12.9%, прават трговија со Делчев, земјоделците ги донесоа на питачки стап…
Протестираме и ќе продолжиме. Капакот на сѐ е поскапата струја која гризе од стандардот на сите. Затоа продолжуваме да протестираме против поскапата струја која носи сиромашен народ.
Во четврток, во 18.00 часот, протест на ВМРО-ДПМНЕ со автомобили кој ќе започне пред паркингот на спортската сала “Борис Трајковски”, по булеварот Партизнски одреди, до пред Регулаторната комисија која делува како продолжена рака на СДСМ и Заев.
Поскапа струја, сиромашен народ. Се гледаме!”, напиша Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев на Фејсбук.