Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ги повикува сите членови, симпатизери и граѓани на општина Прилеп на голем народен митинг во петок (12.04.2019), со почеток од 20:30 часот, на градскиот плоштад “Методија Андонов – Ченто”.
“Да застанеме сите зад правото и правдата во Република Македонија и да ја поддржиме Професорката Гордана Силјановска Давкова за иден Претседател на државата. Доаѓа крајот на владеењето на оваа одродена власт, а првиот чекор до победата се токму претседателските избори. Македонија ќе добие жена за Претседател!”, велат во повикот од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.