ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со анкети! Koи имиња ќе бидат на анкета во Прилеп ќе се знае наскоро

На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори и успешно ќе ја завршиме, посочи денеска од Кочани премиерот и лидер ан ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по денешното доделување клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Кочани.

Како претседател на партијата и Извршниот комитет, додаде, го задржуваме правото да предложиме имиња за кои мислиме дека треба да бидат дел од овој процес на анкетирање, надвор од списокот кој е доставен од општинските комитети.

Прашан дали може да обелодени некои имиња, Мицкоски рече дека не може тоа да го направи во моментов.

Според досегашните наши анкети пак, најголем рејтинг во Прилеп има Марјан Ристески, кој убедливо води пред сите други, од сите партии.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.