Во текот на вчерашниот ден ја запознавме јавноста за можната злоупотреба на средства од општинскиот буџет околу организацијата на овогодинешниот “Пивофест”. Илија Јованоски и Миле Талески молчат и не даваат одговор на поставените прашања, што остава простор за уште поголем сомнеж, дека зад целиот избор на организатор за фестивалот се крие нешто матно и незаконски – истакна на денешната прес конференција Андриана Ристеска, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:
“Денеска уште еднаш прашуваме:
Дали градоначалникот лично го познава менаџерот од Србија, Добривоје Марински и која е нивната поврзаност?
Дали Јованоски лично во неколку наврати се сретнал со ова лице, па дури и бил на гости во Аранѓеловац?
Дали уште пред неколку месеци ја прифатил оваа прелиминарна програма за фестивалот?
Колкава била цената на овие изведувачи, а колку изнесува ангажманот на сега избраните?
Дали поради несериозноста на Јованоски и неговиот тим во општината, се изгубила можност за организатор на фестивалот да биде избрана светска продукција?
Дали поради гледањето на сопствените интереси, “Пивофест” изгуби можност да ја врати старата слава и тоа за иста цена?
Како е возможно без одлука на Совет да биде избран организатор?
Дали во комисијата за избор на организатор која Јованоски по свој терк си ја формира, има вклучено надворешно лице на договор и која е потребата од тоа?
ВМРО-ДПМНЕ го повикува Основното јавно обвинителство во Прилеп по допрен глас веднаш да реагира и да ги испита сомнежите за сторен криминал околу организација на најголемото случување во државата.
Граѓаните имаат право да ја знаат вистината! Јавноста мора да добие одговори! Престанете да се криете и барем еднаш соберете храброст и соочете се со оние кои ве избрале!”