ВМРО-ДПМНЕ: “Јованоски и Миле Талески ги заборавија Ромите на Ѓурѓовден. Багерите од молкот ги нема во Тризла, сега ќе стасаат само 60% повисоки сметки за вода” (ВИДЕО)

“Не поминаа ниту 24 часа од вториот круг на претседателските избори, а веќе го видовме лицемерието на СДСМ.
Градоначалникот Илија Јованоски кој кога сака е секуларен, а кога сака е религиозен, покажа дека Ромите во Прилеп за него и СДСМ се само гласачка машинерија и ги почитуваат само пред избори”, истакнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Јованоски не најде време да ги посети своите сограѓани Роми во населбата Тризла и излетничките места на Ѓурѓовден, празник кој кај граѓаните од ромската популација се празнува како еден од најголемите денови во годината.

Сепак, за Јованоски и првите луѓе од СДСМ, Ромите и нивните обичаи и традиција се вреднуваат, само тогаш кога од нив се бара да гласаат.

Во 19 месеци откако Јованоски ја презеде локалната власт во Прилеп, Ромите немаа видено никаква механизација во средините каде живеат.

Но, затоа во периодот пред претседателските избори, па дури и за време на изборниот молк, на терен можеше да се забележи секаква механизација.

Се тампонираа улици, се ветуваа вработувања и социјални погодности, а на денот на гласањето голем број граѓани Роми организирано со комбиња беа носени до гласачките места.

Покрај тоа, постојат сериозни сомнежи дека е вршен масовен поткуп на гласачи, а на терен присутни беа и припадници на партизираната полиција контролирана од СДСМ.

Вакво деградирање на граѓаните и поигрување со нивните судбини досега во Прилеп не е видено. Наместо живот и едно општество за сите како што велеа, Јованоски и СДСМ донесоа поделби и понижување.

Почитувани сограѓани,

Ова владеење мора да запре, мора да се стави крај! Резултатот во неделата кога СДСМ загуби со 1.600 гласови разлика во Прилеп е доказ дека граѓаните бараат промени.

ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарува на сите оние сограѓани од ромската популација кои се одважија и не подлегнаа на притисоците, додека пак на сите останати им порачуваме дека нема од што да се плашат. Ги повикуваме да ни се придружат во борбата против оваа ненародна власт се до конечна победа на правото и правдата во Македонија”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.