ВМРО-ДПМНЕ: Јавно прашуваме што значи воведувањето на новиот термин „родов идентитет“?

Што значи актуелната предложена измена на законот за матичната евиденција со кој се овозможува промена на полот и единствениот матичен број во матичните книги. Дали ќе се укинат термините мајка и татко вклучувајќи ги наставните содржини во основното образование и дали следно е воведување на терминилогијата родител А и родител Б, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со резерва гледа на Законот за спречување и заштита од дискриминација предложен од Зоран Заев и Мила Царовска, бидејќи во предлог законот се брише одредбата дека бракот е заедница помеѓу маж и жена.

Ги прашуваме Зоран Заев и Мила Царовска зошто сакаат да ја сменат дефиницијата на брак помеѓу еден маж и една жена, како и политика на посвојување на деца? Јавно прашуваме што значи воведувањето на новиот термин „родов идентитет“ ?
Досегашното македонско законодавство го познава поимот пол, кој што може да биде машки и женски. Полот е билошки детерминиран, со биолошките карактеристики.

Го прашуваме предлагачите што значи воведувањето на терминот „родов идентитет“ ? Дали родовиот идентитет може да
биде флуиден и променлив ?

Дали воведувањето на категоријата „родов индентитет“ и промена на дефиницијата на бракот ќе доведе до промена на наставните планови и лекции за децата во градинките и основните училишта ?

Што значи актуелната предложена измена на законот за матичната евиденција со кој се овозможува промена на полот и единствениот матичен број во матичните книги. Дали ќе се укинат термините мајка и татко вклучувајќи ги наставните содржини во основното образование и дали следно е воведување на терминилогијата родител А и родител Б.

Ова се крупни општествени прашања за кои сличен поглед имаат сите граѓани православните, муслиманите, католциите, протестаните, евреите и сите останати. Во врска со овие прашања потребно е да се земат во предвид ставовите на МПЦ, ИВЗ, Католичката црква, еврејската заедница и другите верски заедници. Живееме во држава и општество каде огромното мнозинство на граѓани се приврзаници до традиционалите и семејните вредности, кои што се наша заедничка вредност.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата секогаш е против било која форма на дискирминација и сака да гради општество без дискриминација.

Извор: republika.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.