Прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп
(Во продолжение интегрален текст од пресконференција)
“Продолжува партизирањето на институциите во Прилеп. Хунтата на власт секојдневно си поигрува со трпението на граѓаните во Прилеп.
Пипците на локалната власт допреа и до градинките. Скандалозна е објавата на медиумите дека во детските градинки во Прилеп има место само за децата на истакнати членови на СДСМ. Ваквиот начин на работа говори само едно, а тоа е дека оваа власт е ненародна и дискриминаторска.
Не им беше доста вработувањето на внуците, братучедите и другите роднини, па сега по партиски клуч сместуваат и деца во градинките.
Случајно или не во списоците кои излегоа во јавност, во графата “Majка” стојат имиња како Валентин, Христијан пазари, Ирена УЈП и слично, имиња кои потсетуваат на истакнати членови и функционери во СДСМ-Прилеп.
Ова е срамно и досега невидено!
Додека за скандалот за кој разбра целата држава молчат сите, ВМРО-ДПМНЕ под итно бара одговори од градоначалникот, директорот на ЈОУГД “Наша Иднина” и министерката за Труд и социјална политика Мила Царовска.
Дали на ваков начин се гради заедничкото едно општество за сите кое го ветуваа?
Дали со дискриминација и поделба на децата на деца од вмровски семејства и деца од семејства симпатизери на СДС, граѓаните ќе добијат подобар живот?
Ова е вистински дебакл и уште еднаш докажува со каква власт граѓаните си имаат работа во изминатите година дена на централно и 6 месеци на локално ниво. За заеднички напредот потребни се проекти, а не партиски клуч за згижување на дечињата.
Проекти како што е градинката во ООУ “Рампо Левката” која што беше целосно завршена во месец септември, а се уште не е функционална. Дали на штета на дечињата и нивните родители СДС го одложува згрижувањето на најмладите само со една цел, граѓаните да заборават дека тоа е комплетно реализиран проект од ВМРО-ДПМНЕ?
Со ваквите дневно политички трзавици губат најмногу граѓаните на Прилеп. Прилепчани заслужуваат многу подобро!”