ВМРО-ДПМНЕ: “Хаос со јавните набавки, прилепските училишта се распаѓаат?!” (ВИДЕО)

Прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

(Во продолжение интегрален текст и видео од прес конференција)

“Состојбата во образованието е полоша и од времето кога заменик министер за образование беше Герамитчиоски од СДС. После партиските вработувања и спроведениот реваншизам ситуацијата станува уште полоша.

Во овие шест месеци се нема спроведено ниту еден проект во ниту едно од основните ниту пак во средни училишта во општина Прилеп. Според електронскиот систем за јавни набавки прилепските училишта немаат постапки за јавни набаки?!

Хигиената во училиштата е на алармантно ниво. Го прашуваме градоначалникот Илија Јованоски дали поради ваквата состојба во образованието не сакал да им ги продолжи мандатите на В.Д. директорите на училиштата?

Дали не сакавте да им ги продолжите мандатите на В.Д. директорите бидејќи не можеле да го положат испитот за директор?

Дали според него дел од В.Д. директорите заслужуваат уште едно продолжување на мандатите по ваков колапс на образованието во општина Прилеп?! Дали се ова вашите најспособни кадри?

Јавно прашуваме дали се побарани средства од општината за реализација на некој планиран проект?

Дали некој од директорите доставил премер пресметка и предлог проект? Дали сте свесни за состојбата со хигиената во училиштата?

Катастрофалното работење во училиштата го потврдивте со тоа што во сите основни училишта ги сменивте В.Д. директорите и ги поставувте педагозите за В.Д. директори? Уште при нивното поставување Ве опоменавме дека се незаконски поставени.

Градоначалниче Јованоски, Ве прашуваме што ќе преземете за физичката пресметка помеѓу претходната В.Д. директорката и актуелната В.Д. директорка во едно основно училиште во градов?

Ваквото ноншалантно и пред се противзаконско владеење е на најголема штета на нашата младина. Заборавивте дека со привилегиите доаѓаат одговорности па решивте да го уживате само првото.

Го повикуваме јавното обвинителство, по допрен глас да спроведе истрага за неспроведување на законот за јавни набавки во училиштата, да спроведе истрага за оние директори кои и покрај истечениот мандат В.Д мандат потпишувале документи до моментот на нивна смена, а исто така го повикуваме државниот просветен инспекторат да преземе мерки во своја надлежност за катастрофалната состојба во образованието. За ваквото однесување мора да има одговорност!

На крај би сакале да им ја честитаме матурата на матурантите, на нивните родители и наставници и им ветуваме подобра иднина со промената на власта во Прилеп.
Прилепчани заслужуваат подобро!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.