ВМРО-ДПМНЕ: “Фонтаните се претворени во депонии, градоначалникот не врати во 15 век, шајка нема ставено во мандатот?” (ВИДЕО)

Фонтаните, хортикултурното уредување и чистотата беа препознатлив знак за градот во изминатите години, а денеска, благодарение на негрижата и неработењето на актуелните локални власти и градоначалникот Илија Јованоски, централното градско подрачје се повеќе наликува на периодот од пред 15 години, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Фонтаните се претворени во вистинско ругло, покриени со испокинати церади и полни со ѓубре, како локалната самоуправа да се плаши дека ќе фати мраз во јуни. Состојбата е иста и во парковите на улицата “Димо Наредникот” и Могилата на непобедените, потенцираат од општинскиот комитет Прилеп на партијатаи додаваат:

„Наместо Прилеп и прилепчани, за нив во преден план се благодетите кои ги носи кожената фотеља во канцелариите, која патем ја користат за да се расфрлаат со стотици илјади денари на банални работи. Веќе видовме како директорот на Водовод, за само три месеци успеал да потроши милионска сума на репрезентација, адвокатски и нотарски услуги“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.