ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги објави носителите на изборните единици и кандидатските листи за пратеници.
Во четвртата изборна единица каде припаѓа и Прилеп, носител е партискиот потпретседател Александар Николовски, а веднаш по него на второто место е членот на ИК од Прилеп, Ане Лашкоска.
На шестата позиција е претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, а претседателката на Унијата на жени од Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец, се наоѓа на четиринаесеттата позиција.