Најновата анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ покажува дека дури 19 проценти би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку се одржат избори престојната недела.
Имено, анкетата е спроведена од 8 април до мај на 1208 испитаници, а на прашањето доколку престојната недела се одржат парламентарни избори за која политичка партија би гласале, ВМРО-ДПМНЕ има речиси двојна предност пред СДСМ, односно 19 проценти од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека пак само 11 проценти од анкетираните граѓани одговориле дека би гласале за СДСМ.
Само за споредба речиси на секоја анкета ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ, а тоа го покажува и стравот на владејчаката партија која бега од изборно соочува со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски.
Имено пред само недела ипол и Мицкоски во свое гостување во емисија на нацинална телевизија изјави дека единствена опција за која што ВМРО-ДПМНЕ би разговарала во иднина се одржување на предвремени парламентарни избори.
Четири недели Ковачевски имаше можност да избере меѓу двете наши понуди, но од денеска тие веќе не важат и има само една опција – предвремени парламентарни избори, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето гостување на телевизија „Канал 5“ и додаде:
Нашата позиција е јасна, ние играме со отворен гард. Двете опции што ги понудив на лидерската средба беа на маса до овој монент, но се уште не слушнав од Ковачевски која опција ја прифаќа, првата или втората. Од денеска има само една опција на маса – предвремени парламентарни избори.