ВМРО-ДПМНЕ: “Сомнеж за огромен kpиминaл во Тутунски комбинат – ОЈО да реагира исто како против НВО секторот!?”

Прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

(Во продолжение интегрален текст и видео од одржаната прес-конференција)

“На расипничкото владеење од СДС му нема крај. Се што фатија, се упропастија. Погубните политики како на централно, така и локално ниво, даваат катастрофални резултати, кои удираат по џебот на обичниот народ, додека некои се богатат преку ноќ на нивната мака. Имено, пред извесно време на еден интернет портал, беа објавени документи во кои се гледа бруто биланост по партнери од страна на Тутунскиот комбинат Прилеп.

Па така според објавените документи од овој интернет портал, на првата страна се гледа како Тутунски комбинат Прилеп на ДМ КОЛОР МИКС ДООЕЛ Прилеп, му исплатил наводно над 1 милион и 400.000 денари, пришто во десниот агол од документот е испишано дека оваа сума била потрошена за боја, кнауф и поликолор.

Во наредниот документ, е наведена сума од 54.000 денари кои комбинатот му ги исплаќа на ресторан Чифлик, сума потрошена за угостителски услуги, што укажува за недомаќинско работење и непотребно трошење на парите.

Во следниот документ овој портал објавува дека Тутунски комбинат на Порше Македонија ДООЕЛ за сервис на ауди 8, без тендер, му исплаќа сума од 422.734,00 денари.

Во следниот документ, комбинатот за обезбедување на парнерот Бригада му исплаќа огромна сума од над 800.000 денари, при што во документот од овој сајт е наведено дека оваа сума е исплатена за 22 лица, и покрај фактот што биле пријавени 18 лица, па така разликата од 4 лица отвора сомнеж за можен криминал и злоупотреба.

Во друг документ, наведено е дека на Уни Атлас, за набавка на компресори му се исплатени речиси 70.000 евра, при што напишано е дека се прикажани 30.000 евра, за да нема тендер и да се изврши набавката без тендер.

На последниот документ објавен на сајтот, е наведено дека за кров без објавен тенедер, од Комбинатот на Градба Јасен Прилеп му се исплатени над 3 милиони и 900.000 денари.

Прашуваме, дали се вистинити наводи изнесени во документите објавени на овој интернет портал? Ова ли е домаќинското работење кое владата предводена од СДСМ го ветуваше пред граѓаните? На ваков ли начин се води грижа за успешно и функционално работење на комбинатот, кој пропаѓа со секој изминат ден? Бараме од одговорните лица во комбинатот да се произнесат околу овие документи кои пред извесно време осамнаа на интернет просторот.

Исто така, сакаме да ја известиме јавноста дека поседуваме видео материјал кој алудира на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на најтесното раководство на комбинатот. Го повикуваме ОЈО, во рамките на своите законски надлежности, по допрен глас да ги провери изнесените наводи во документите објавени на интернет поратлот, се со цел да испита можен криминал, можна злоупотреба, која се одразува на штета на комбинатот, а во корист на поединци поврзани со раководството на истиот.

Воедно му стоиме на располагање доколку се охрабри да покрене постапка, да го доставиме и видео материјалот. Одговорност за ваквото расипничко работење мора да има и ќе има. Само така Македонија ќе продолжи да оди напред!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.