ВМРО-ДПМНЕ:” СДСМ го уништија ЈКП”ПАЗАРИ” само за 10 месеци??Прилеп се распаѓа по сите шевови??”

Прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

“После разгледување на седница на совет на Општина Прилеп, во тримесечниот извештај од ЈКП Пазари-Прилеп, за периодот од 01.01.2018 до 31.03.2018, се забележува катастрофално недомаќинско работење со ова претпријатие.

2017-тата година, ова претпријатие ја завршило со добивка од 874.512,00 денари додека тримесечниот извештај за првиот квартал од 2018 година покажува загуба од 844.273,00 денари. Сумирано ова претпријатие потрошило 1.718.785,00 денари, без притоа да реализира ниту еден проект за негово подобрување.

Денес Јованоски и кадрите поставени од редот на СДС, го претворија целиот град во еден голем пазар.

На граѓаните им должат објаснување каде завршија средствата и како тоа за само неколку месеци со ваквото недомаќинско работење и ненаменско трошење на пари го клекнаа претпријатието на колена и го загрозија неговото функционирање? – посочија меѓудругото од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.