Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера беше во посета на Прилеп, каде ја посети црквата Свето Благовештение, имаше средба со бизнис секторот во градот, а одржа средба и со членството и симпатизерите на партијата.
Мицкоски посетата на Прилеп ја искористи и да прошета низ прилепската Стара чаршија. Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп велат дека претседателот на партијата ги видел објектите кои ја узурпираат чаршијата, а како што велат се во сопственост на високи функционери од СДСМ.
На оваа тема прес конференција деновиве одржа претседателката на Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец.
Еве што посочи Стерјовска Локвенец: