Прес-конференција на претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески
(Во продолжение интегрален текст и видео од одржана прес-конференција)
“Почитувани граѓани на општина Прилеп, почитувани горди Македонци!!
Во неделата на 30 септември победивте вие! Ни една партија не помудра, поорганизирана, похрабра, посамоуверена и национално осознаена од народот, од народот македонски! Тие што денес се со наведната глава, некои ги нарекуваа поддржувачи на квислинзите, современите фашисти,ве уценуваа , ви се закануваа повеќе од една година.
Дел од вас потклекнаа,уплашени за работно место,за бизнисот,за функцијата…дел поверуваа дека кукавичкиот договор е добар…
Но, почитувани сограѓани бидете убедени..сите тие ќе одговараат! До еден сите од нив. Кој за телефонски закани и уцени,кој за злоупотреба на службени средства, кој за лична закана на работно место…снимките, аудио, видео,сликите и снимки од членови на УО, директори на ЈП, здравствени установи ќе им тежат цел живот …правдата ќе ги стигне!
За жал актуелната власт во изминатиов период успеа како никогаш порано да го подели македонскиот народ. За жал на 30 септември доживеавме крајно недемократски ден, преполн со насилие.
Она што сакам да го порачам до сите политичари во Прилеп е ваков ден повеќе да не се повтори.
На 30 септември 2018, Македонија победи!”