ВМРО-ДПМНЕ предлага пратениците да имаат само македонско државјанство

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предлага кандидат за пратеник во Собранието на Република Македонија да може да биде само полнолетен граѓанин кој поседува само државјанство на Република Македонија и нема ниедно друго двојно државјанство.

Предлог законот веќе е поднесен во Парламентот по скратена постапка.

Овој потег доаѓа по вчерашната објава на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, кој сподели листа со имиња на македонски политичари кои поседуваат бугарски пасоши, а меѓу нив се најдоа имиња на високи функционери од опозициската партија. Од ВМРО-ДПМНЕ демантираа и посочија дека ниту еден член од партијата нема бугарски пасош.

Ваква одредба има и во Законот за надворешни работи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.