ВМРО-ДПМНЕ: “Поткуп, закани, уцени не го спасија Миле Талески и злocтopничkoто здружување од катастрофален пораз во градот херој? Секоја чест прилепчани!!” (Видео)

Прилеп вчера покажа дека е на страната на правото и правдата, прилепчани вчера покажаа дека љубовта кон Македонија им е преголема и не подлегнаа под сите закани, уцени, притисоци како и поткупот кој се вршеше во нашиот град – истакна на денешната прес конференција Петар Ристески, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Прилепчани ја донесоа победата за ВМРО-ДПМНЕ во градот херој со 1600 гласа разлика, и со тоа испратија јасна порака дека не се согласуваат со погубните политики на Зоран Заев и најнеспособната власт во Македонија, која освен пустош, продажба на името, идентитетот, мизерна економија, катастрофално здравство, образование, непотизам, повисоки сметки за 60% за вода, криминал на секој чекор, не понуди ништо друго.

Во текот на вчерашниот ден, имавме изборен процес на кој беа забележани низа нерегуларности.
Не помогнаа ниту заканите од партиски функционери од редот на СДС кон нивните вработени, не помогнаа ниту уцените, ниту лажните ветувања за вработувања, не помогна ниту поткупот на гласачи во населбата Тризла, за кој неколкупати алармираа набљудувачите во ова место за што беше известена полицијата во Прилеп, во Скопје, како и претставници на ОБСЕ.

Потестуваме дека поткупот при избори и гласање е кривично дело регулирано во член 162 од Кривичниот законик и за истото дело е предвидена казна затвор од најмалку 5 години. Го повикуваме Основното јавно обвинителство во Прилеп, по допрен глас, да поведе постапка со цел да утврди кривична одговорност кај можните сторители на ова дело. За ваквото противзаконско однесување од страна на одредени поединци мора да има и ќе има одговорност!

Почитувани,
Сакам да изразам благодарност до сите граѓани кои не потклекнаа вчера пред валканите игри и останаа свои на своето, достојни, горди и храбри, давајќи го својот глас за право и правда, за честита Македонија! Ви благодарам од се срце! Она што сакам да го порачам е дека продолжуваме заедно, сплотени, до конечен пад на оваа ненародна власт! Само така Македонија ќе продолжи да чекори напред”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.