ВМРО-ДПМНЕ ОК Кичево: Градот го загадyва негрижата на раководството на РЕК Осломеј!

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кичево на својот Фејсбук профил сподели видео на кое се гледа како РЕК Осломеј го загадува градот.

-Кичево го загадува не грижата на раководството на РЕК Осломеј!

Изминативе неколку месеци Кичево стана најзагаден град во Македонија но и во Европа. Навистина е жално и тешко за верување како еден град кој беше најчист во Македонија стана најзагаден. Трагајќи по причините за загадувањето може да се констатира дека негрижата на раководството на РЕК Осломеј го направи Кичево најзагаден град.

Имено последниве неколку месеци поради не грижа ископаниот јаглен кој го чуваат на депонија е запален и го прави најголемото досега загадување во овој крај. Од видеото кое го направивме може да се види чадот кој е од запалениот јаглен директно го загадува нашиот град но секако најголема штета прави на работниците кои работат тука.

За негрижата на раководството мора да има одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ О.К. Кичево, стои во нивниот пост на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.