Прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола
Во продолжение интегрална изјава на портпаролот на ОК ВМРО – ДПМНЕ БИТОЛА, Стефани Најденовска:
“Популистичкиот проект на СДСМ “два саати ефтина струја за граѓаните” во Битола олицетворен во ликот на еден од главните партиски функционери и активисти, кандидат за советник на последните локални избори, претседател на Управен одбор во ЈП ПАЗАРИ, член на највисокото локално партиско тело на СДСМ – сопственик на познат битолски локал, Вила Виста.
Имено, Благојче Цветковски, крадел електрична енергија за работа на неговиот ресторан, па така нему евтината струја, всушност до сега му беше џабе, ама сега покрај тоа што мора да им надомести на ЕВН, како оштетена страна, ќе мора и да одговара пред законот. Настанот го откриле екипи на ЕВН, инаку тој е пријавен и во МВР, а известен е и јавен обвинител.
Ние само апелираме и ги охрабруваме надлежните институции да си ја вршат својата работа. А СДСМ, ако има ронка доблест веднаш да го разреши Благојче Цветковски од претседател на УО во ЈП Пазари, доколку еве тој од морални причини не си поднесе оставка!
Уште еднаш се потврди, на кој начин СДСМ ја практикува власта, уште еднаш видовме дека личната корист и богатењето на поединци се највисоката максима на СДСМ, која не ја напуштаат повеќе од дваесет години. Инаку јавна тајна е дека, во ресторанот на Благојче Цветковски е местото на сите партиски прослави и собиранки, како и местото каде прославуваат сите битолски јавни претпријатија, со Вашите пари, почитувани граѓани.
Времето на обнова доаѓа, доаѓа времето на принципи, право и правда, кога сите ќе бидат еднакви и еднакво ќе одговараат пред законот”.