ВМРО-ДПМНЕ: “Непотистите го уништија фудбалот и ракометот, а и градот Прилеп е веќе втора лига? Шампиони сме само во kpиминалитет?” (Видео)

Почитувани спортисти, љубители на спортот, жители на некогаш најспортскиот град во некогашната Македонија, а сега насилно преименувана татковина. Покрај тоа што оваа локална власт ги направи ФК ” Победа” и РК” Прилеп” второлигаши, со непотизмот и хаосот го направи и Прилеп, градот херој, град од втора лига, но сега и двојазичен – посочи на денешната прес конференција Aлександар Танески од Комисијата за спорт при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост во продолжение:

“Прилепчани се сеќаваат на прес конференциите на сегашниот градоначалник кој ги држеше заедно со спортските работници и ветуваше како тоа Прилеп ќе имал претставници во Лига на шампиони, како тоа ќе се изградел спортско-рекреативен центар во сала Македонија со затворен базен, нови спортски сали, трим патеки и што ли уште не

Прилепчани паметат – како им беше ветувано дека сала Македонија ќе биде храм на спортот.

Она што оваа локална власт досега го сработи е тоа што истите ликови од пресовите станаа нисители на функции, советници и т.н па така што, снемаа време за реализација на дадените ветувања.
Истите заедно со Заев одржаа прес на кој ветуваа дека ќе има спортски пензии.

Почитувани прилепчани,еднаш ве прелажаа,но знаеме дека оваа гарнитура која освен непотизам и неработење, која директно го уништи спортот нема да може да го повтори тоа.

Бараме на истите места,истите ликови да одржат нови прес конференции и да кажат зошто Прилеп го претворија во спортски, културен и економски ВТОРОЛИГАШ??

Локалните власти да застанат повторно со шалот од Победа пред стадион и да објаснат ,зошто негрижата за Победа ја закова истата на дното од табелата?

Ветуваа европска Победа, ветуваа премии и награди, за на крај да го уништат целосно клубот.

Колку за потсетување во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, се изградија четири модерни спортски сали во училиштата, Ѓорче Петров, Кузман Јосифоски Питу, Ристе Ристески – Ричко и Добре Јованоски.

Се изградија и две тениски игралишта во ОУ Гоце Делчев и гимназијата Мирче Ацев, се изгради и мултинаменско игралиште.

Се изгради и мотокрос патека во населеното место Алинци, каде се одржуваа натпревари од светски карактер. Могилата на Непобедените доби фудбалски терен, а во нејзина близина се изгради и скејт парк.Градот доби нови фудбалски игралишта во населените места, доби и две балон сали кои за жал СДС ги уништи, како што успешно го уништува сето она што го наследи од минатата власт

Ова се само дел од многуте спортски проекти реализирани во нашиот град, кои најдобро говорат за тоа кој работи, а кој го преспива мандатот.

Она што СДС го направи за спортистите е смена на името на државата за која истите настапуваа, интонирање на химна без текст, понижување на нашите најголеми амбасадори, горчина во душите на спортистите кои срцето го оставаат на теренот за Македонија.

Затоа, падот на оваа ненародна, и неспособна власт започна на 21 Април а ќе заврши на 5 Мај со победата на професорката Гордана Сиљаноска Давкова.

Поразот на нивниот кандидат за претседател Стево Пендаровски, ќе значи почеток на крајот на погубните политики на СДС и нивната коалиција”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.