ВМРО-ДПМНЕ на терен „Ова е Македонија, Македонија за сите“

Во наредниот период ќе има трибини на отворено и граѓански собири во 12 града низ државава и 19 тимови со вкупно 200 луѓе кои ќе прават посета на над 700 населени места низ државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите посочи дека ВМРО-ДПМНЕ почнувајќи од овој петок (28.04.2023) започнува со акција „Ова е Македонија за сите“ која ќе трае до роденденот на партијата 17 јуни.

19 тимови со вкупно 200 луѓе секој викенд ќе бидат помеѓу граѓаните и ќе посетат над 700 населени места низ државата.

Воедно во рамки на акцијата ќе се одржат серија од 12 поголеми трибини посветени на темите кои го засегаат македонското општество.

Доста беше беда, понижувања, сиромаштија и иселување, нема повеќе време за губење.

На Македонија и граѓаните им се потребни промени и потребна е иднина за која ќе се избориме заедно сите. Заедно со народот ќе ја издигнеме Македонија од оваа беда во која ја донесоа СДС и ДУИ и заеднички ќе ги поразиме.

Шанса не само за една, туку за сите генерации заедно оставени на страна овие 30 години.
Шанса за заедничкиот патриотизам во кој веруваме.

Ова е Македонија на заедништво и нов заеднички патриотизам на рамноправни.

Нашата борба е за европски вредности базирани врз меѓусебно почитување и самопочит.

Нашата борба е вредности, идеал и кауза.

Нашата борба е да ја обновиме Македонија. Промените да победат, за заедничка иднина!

Ова е Македонија! Македонија за сите!- се дел од пораките од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.