ВМРО-ДПМНЕ КОЧАНИ: “Кочанчани се гушат, смрдеа се шири низ целиот град” (Видео)

“Сведоци сме на еколошка катастрофа што ја создава депонијата над с.Бели, депонијата гори неконтролирано и го прави животот во Кочани и с.Бели неподнослив”, изјави Гоце Марков, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кочани.

Изјавата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Градската депонија и денес пак гори. Чадот се прошири на голема површина над градот, а се чувствува силна смрдеа во Кочани, а особено во с. Бели.

Сведоци сме на еколошка катастрофа што ја создава депонијата над с.Бели, депонијата гори неконтролирано и го прави животот во Кочани и с.Бели неподнослив.

Ги повикуваме градоначалникот, директорот на КЈП,,Водовод” и советот на општината под итно да превземат најитни мерки а ако споменатите не се способни за тоа-бараме од Владата на РМ да ја превземе надлежноста на оваа депонија и да го сопре труењето на кочанчани!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.