Прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп
(Во продолжение интегрален текст и видео од одржаната прес конференција)
“Пред една година тогашниот министер за култура од редовите на СДС, Алаѓозоски научи дека Чернодрински не е од Прилеп. Од тогаш СДС заборавија и на гордоста на Прилеп, театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински”. Денес треба да започне 53. издание, а за првпат Прилеп не живее во ритамот на фестивалот.
Без медиумска покриеност, слаба организациска посветеност и никаква достапност за прилепчани ќе мине годинешниот фестивал. Покрај кнедлата во грлото на секој вљубеник во театарските претстави и штиците што живот значат, поради ваквиот понижувачки пристап од стана на централната и локалната власт на СДС, прилепчани се верна публика.
Но горливоста на проблемот е поголема со тоа што влезниците за претставите од официјалната програма не се достапни за обичните граѓани.
Бараме од организаторите и министерството за култура да им одговорат на прилепчани од каде да набават влезници за претставите?
Дали истите се привилегија само на одредени граѓани?
Дали и за ова постојат списоци за резервации преку челниците на СДС? Дали ваквов деградирачки однос кон театарската публика заслужува градот Прилеп?!
Понижени сме како град.
Понижени сме како уметници и вљубеници во уметноста.
Апелираме со неспособноста да не ги уништувате трајните вредности кои Прилеп ги негува со децении.
За жал, Прилеп и прилепчани овој пат остануваат без да го почувствуваат мирисот на театарската магија.
На сите учесници на овогодинешниот фестивал им посакуваме успешни претстави, а на добитниците на наградата за животно дело им ја честитаме наградата”.