ВМРО-ДПМНЕ и одговори на Агелер: Ние се грижиме за македонските интереси вие слободно грижете се за интересите на САД

Го цениме ставот на амбасадорот Агелер и начинот на кој се бранат американските интереси и тоа е добар пример како треба да се однесува корумпираната и криминална влада на ДУИ/СДСМ кога станува збор за македонските интереси.

Ова стои во одговорот на ВМРО-ДПМНЕ до американската амбасадорка Агелер која во интервју за државната агенција МИА упати критика до опозицијата дека се противи на владиниот договор со Бехтел и Енка.

,,Во услови кога владата на ДУИ/СДСМ не само што не ги брани туку и ги распродава за да ги задоволи личните криминални апетити, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во Македонија и која се темели на атрибутот на македонско национално единство има обврска да ги брани и чува македонските национални интереси”, и порачува ВМРО-ДПМНЕ и дава листа на национални интереси за кои таа се грижи:

-Национален интерес на македонските граѓани е да знаат каде се трошат нивните пари.

-Национален интерес на македонските граѓани е да се почитуваат одлуките на Уставниот суд и да се штитат правата на македонските работници во делот на работните часови и траењето на работната недела.

-Национален интерес на македонските граѓани е да не плаќа 5 пати повеќе за изградба на километар автопат во споредба со оној кој Македонија претходно го градеше заедно со ЕУ на делницата Демир Капија-Смоквица.

-Национален интерес на македонските граѓани е коридорот 8 и 10Д да го градат македонски компании и профитот да остане во Македонија.

-Национален интерес на македонските граѓани е да не се платат повеќе од 300 милиони евра за пенали и аванси на уште нефрлена лопата за проектот.

-Национален интерес на македонските граѓани е да се почитува македонското постоечко применливо право и истото да не се суспендира со закон на други држави, како што е предвидено со договорот за градба на коридорите 8 и 10Д.

-Национален интерес на македонските граѓани е да не плаќа за грешките на изведувачот во проектите.

-Национален интерес на македонските граѓани е да има квалитетен надзор и супервизија, а не тоа да го прави компанија за производство на долна облека.

-Национален интерес на македонските граѓани е да не се злоупотребува знамето на Европската Унија при носењето на закони со кои треба да се задоволи криминалот на владата на ДУИ/СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштението вели дека во партијата се сигурни дека заеднички интерес и на амбасадорот Агелер и на македонските граѓани, а во насока на транспарентноста и владеењето на правото договорот што го потпиша македонската влада со изведувачот да биде објавен.

,,Во спротивно сме загрижени дека се дава лош пример и се воведува погрешна пракса која за жал од криминалната влада на ДУИ/СДСМ ќе биде злоупотребена”, стои во соопштението.

Пред само еден месец амбасадата на САД се огради од проектот




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.