ВМРО-ДПМНЕ за објавените разговори во кои се слуша Заев: Слушнавме како Заев го пцуе и навредува својот народ, дека го контролирал студентското движење и што мисли за шарените

Соопштение до јавноста – реакција на Фејсбук статусот на Зоран Заев oд ВМРО-ДПМНЕ

-Гледаме дека од СДСМ се чудат кој ги пуштил денешниве разговори и тука не можеме да им помогнеме, ама можеме од истите да го препознаеме гласот на нивниот лидер Заев како го пцуе и навредува својот народ.

Вредно е да се напомене и дека Заев го контролирал студентското движење чувме што мисли за шарените, но добро е и да знаат албанците што мисли тој за Али Ахмети.

Исто така е добро и да чујат тој извесен Ацко, Костадинов, па и средношколецот Забарчанец како ги пцуе нив и целиот народ.

Е тој човек за жал ја води државата, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ упатено до медиумите по повод објавените разговори во кои се слуша гласот на Зоран Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.