ВМРО-ДПМНЕ денеска во 18 часот ќе одржи протести со возила во Скопје, Охрид и Прилеп против, како што информираат, мафијата на Заев и поскапување на струјата, а во Прилеп ќе се протестира и против реваншизмот и политичкото насилство, против сите неправди и за ослободување на уставобранителите.
Протестот ќе започне во 18:00 часот од споменикот “Прилепски бранители” кај хотел “Липа”.
Од партијата повикуваат на почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, притоа секој со себе да носи лична заштитна опрема.
“СДСМ, Зоран Заев и мафијата на власт кога тогаш ќе се соочат со правдата и ќе одговараат! Време е сите заедно да се исправиме и да се избориме за нашите права, да се избориме за невините кои лежат по затвори, а сакаа да ја одбранат својата татковина и нејзиниот уставен поредок. Време е Македонија да ја вратиме на прав пат”, напишаа на Фејсбук настанот од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.