Почитувани прилепчани, почитувани херои, граѓани со истенчен политички сенс. Дебакал на СДСМ во Прилеп синоќа, дебакл каков што немало до сега. И тоа, по метлата на 21 април е најава за тотално генерално чистење на 5 мај. Истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:
„ЗАЕВ СЛУШНА ОД СВОИ СОПАРТИЈЦИ ДЕКА ПАРТИЈАТА ВО ПРИЛЕП МУ Е ГРУПА ОД КРИМИНАЛНО ЗДРУЖЕНИЕ ШТО ГО УНИШТУВА ПРИЛЕП.
Еве што забележаа Заев И Пендароски синоќа од местото каде што ја прогласија двојазичноста на Прилеп, и новото име на МАКЕДОНИЈА, именка што синоќа не ја споменаа туку ја заменија со нашата земја.
Срамно, болно, понижувачки. Прво го видоа хаосот во старата чаршија и мега објектите на функционерите на СДСМ . За нив ќе изгубат 5000 гласа на 5-ти мај
Ги видоа тажните лица на пензионерите, кои ги лажеа за повисоки, а добијаа пониски пензии.
Ги видоа работниците од Еурокомпозит кои ги молат за плата 28 месеци, дури нивните функционери се расфрлаат со народни пари. Видоа повисоки сметки за 60% за вода. Го видоа најнеспособниот Градоначалник кој шајка нема заковано 18 месеци. Слушнаа дека спортот во Прилеп изумре, дека фудбалот и ракометот не постојат откако победи СДСМ.
Видоа преплашени директори од заканите дека ако изгубат ќе бидат разрешени, а нивните пресновработени ќе бидат избркани. Видоа дека на 5ти мај ќе доживеат катастрофа во Прилеп.
Но, едно е добро за Прилеп, дувлото на непотизмот, на рекетот, на хаосот, добро што вчера Заев и Пендароски ги слушаа само непотистички нововработените административци и нивните уценети баби и дедовци , а и оние на кои им е лажно ветено вработување по 5 ти мај.
Почитувани, синоќа СДСМ од Прилеп доживеа тежок удар од народот, исто како на 21 април, и свесни се и тие дека ГЕНЕРАЛКАТА и нивното чистење започнува на 5ти мај.
Го повикуваме ОЈО Прилеп по допрен глас да покрене истрага за тоа за какво злосторничко здружување станува збор во Прилеп, со оглед дека на синоќешната трибина на СДСМ и Пендаровски, граѓанин посочи дека во градот постои група на луѓе кои функционираат на таков начин“, истакна Петкоски.