ВМРО-ДПМНЕ го претстави својот кандидат за градоначалник на Охрид

ВМРО-ДПМНЕ на предвремените локални избори во Охрид ќе излезе со Д-р Митре Милошевски.

“Кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори на 21 април на огромно задоволство со одлука на Извршниот Комитет е д-р Митре Милошевски. Угледот и кредибилитетот на д-р Митре Милошевски и ВМРО-ДПМНЕ гарантираат спроведување на сериозно подготвена програма и сигурна победа.

Д-р Митре Милошевски е роден на 29.10.1963 год. во с. Битуше. Специјализација по Неурохирургија завршено на Медицински Факултет во Скопје. Доктор специјалист во дејноста со која се занимава: Повреди и дегенеративни страдања на ’рбетниот столб и мозок; и Повреди и заболувања на ЦНС и краниумот. Вработен во болницата за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо Охридски“. Сопруг и татко на две деца.

Сплотени и мотивирани за доброто на Охрид и охриѓани. На 21 април, д-р Митре Милошевски за градоначалник на Охрид!”, објави на Фејсбук Кирил Пецаков, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.