Македонија тоне на сите полиња. Владата на СДСМ донесе милиони евра за фирмите на Заеви и криминалниот картел во власта, но една голема НУЛА за обичните граѓани. Нула проценти раст на БДП за 2018 година и очајни 0.1 проценти раст на БДП во првиот квартал од 2018 година, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека ова се резултатите од неспособноста и неработењето на црното економско трио Заев, Тевдовски и Анѓушев.
-Додека цела Европа доживува економска ренесанса, Македонија полека, но сигурно се движи кон мрачните времиња на криминалната транзиција. Секојдневно сме сведоци на протести на земјоделци и вработени кои со месеци не земале плата како во мрачните 90-ти. Додека граѓаните едвај го преживуваат месецот, црното економско триo ги брои милионите на своите сметки, од плантажите со марихуана, разни сомнителни тендери и трансакции, граѓаните се на работ на егзистенцијата. Нема просечна плата за граѓаните од 500 евра, нема плата од 100 илјади денари за докторите, а покрај покачената акциза се најавуваат повисоки даноци и давачки, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ
Ниту еден капитулантски договор, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, нема да го подобри животниот стандард на граѓаните. Ниту едно понижување на меѓународен план нема донесе живот во Македонија.
-Откажувањето од се што е македонско, македонскиот идентитет, јазик, историја и македонското малцинство од соседството, нема да ги плати сметките на граѓаните на крајот од месецот. Граѓаните во недела во Струмица имаат можност и ќе и кажат доста на оваа ненародна власт. ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите граѓани на Република Македонија на протестен марш во Струмица, во недела со почеток во 13 часот, во паркот во Струмица. Обединети и сплотени, ќе се собереме за Македонија и на Зоран Заев и на СДСМ ќе им кажеме дека Македонија ќе победи, стои во соопштението на партијата.