ВМРО-ДПМНЕ: “Амбасадорот Тимоние дозна за kpиминaлoт, непотизмот и xaocoт во Прилеп” (ФОТО)

Денеска во просториите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, во посета беше Амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние – информираат од партијата.

“Амбасадорот оствари средба со претседателството на Општинскиот Комитет и претседателот Петар Ристески. Францускиот амбасадор беше директно информиран за катастрофалната состојба во која се наоѓа градот, кој од средина која се движеше по европски пат, стана град во кој младите масовно се исселуваат. Покрај тоа, Господинот Тимоние дозна и за високото ниво на криминал, корупција и непотизам во Прилеп, кои се спроведуваат од страна на актуелната локална и централна власт предводени од СДСМ. Исто така Тимоние дозна дека Прилеп има катастрофално ниво на капитални инвестиции од мизерни 20%, дека градот од лидер во искористување на европските фондови во Македонија, сега нема ниту еден проект со кој би аплицирал”, додаваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.