Британскиот премиер Борис Џонсон е префрлен на интензивна нега поради компликации предизвикани од коронавирусот.
Премиерот и понатаму не е приклучен на респиратор, но неговата состојба будно се следи, наведуваат британските медиуми.
Џонсон е сместен на интензивна нега поради влошување на состојбата, пренесуваат од “Даунинг стрит”. За сега не е исклучена и можноста да биде приклучен на респиратор за да му се олесни дишењето.
BREAK: @BorisJohnson in intensive care. pic.twitter.com/lH3yuV4KMI
— Joe Pike (@joepike) April 6, 2020
Како што се наведува, неговата здравствена состојба се влошила синоќа, па по совет на лекар, префрлен е на одделението за интензивна нега.