Пар од Њујорк освои 10 милиони долари на грепка, што е поединечно најголемата награда за овој вид на игри на среќа кои ги создава американската лотарија.
Властите на државата Њујорк соопштија дека победничката грепка е купена во продавница во предхрадие кое се наоѓа 110 километри северно од Њујорк, пишува “Poughkeepsie Journal”.
Комисијата за игри на среќа на оваа држава соопшти дека грепката е дел од специјалната 50 годишна инстант лотарија “Десет милиони долари во кеш”.
Ф.Г.