Влатко Миладиноски со емотивна порака се потсети на својот вујко: “На овој ден му беше роденден, сигурно ќе пиевме нескафе” (Видео)

Фолк пејачот Влатко Миладиноски со емотивна порака се потсети на својот вујко, легендата на македонската музика Војо Стојаноски.

“На овој ден му беше роденден на мојот вујко Војо Стојаноски. Сигурно ќе пиевме нескафе “студено”. Вечна му слава”, напиша Влатко на Фејсбук.

Влатко објави едно старо видео, каде заедно со неговиот вујко ја пеат песната “Кажи ми вујче”.

Војо Стојановски почина на 65-годишна возраст на 6 мај 2014 година. Денеска требаше да го слави својот 72-ри роденден.

Вечна слава легендо!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.