ВЛАСТА НЕМА 2/3 МНОЗИНСТВО: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција повикаа точката да се стави на гласање побрзо, за да видат дека немаат 2/3 мнозинство!

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предмалку одржа прес конференција во Собранието на која го повика Талат Џафери, точката за уставните измени веднаш да ја стави на гласање и да не одолговлекува, за да може јавноста, а и власта да видат дека 2/3 мнозинство, нема.

„Во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За подобра Македонија’ ја користиме оваа прилика да укажеме на следното – поминаа 19 дена од неуспешниот референдум кој го организираше власта и владејачкото мнозинство и на кој што народот ги отфрли измените. Гледаме дека власта одолговлекува да се стави точката на дневен ред и да се гласа, тоа е затоа што владејачкото мнозинство е свесно дека за пратениците поважна е волјата на народот отколку притисоците кои доаѓаат од страна на власта.

Бараме од господинот Талат Џафери без дополнително одлагање да ја стави точката на изјанснување, да имаме гласање и да види владејачкото мнозинство дека нема 2/3 мнозинство и дека нема услови ниту мандат да покрене иницијатива за уставни измени. Ние како пратеници ќе го кажеме нашиот став и ќе гласаме согласно волјата на народот изразена преку пропаднатиот референдум и недавањето на мандат за уставни измени. “ – рече Антонио Милошоски на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Собранието.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.