Владиката Петар утре ќе чиноначалствува со света архиерејска литургија во храмот Параклис

Почитувани прилепчани,
браќа и сестри во Христа!
Со радост ве известуваме дека на ден 22.09.2024 година, во храмот „Св.св Кирил и Методиј ( ПАРАКЛИС) со почеток во 07:30 часот ќе се богослужи света архиерејска литургија, со која ќе чиноначалствува епархискиот архиереј, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар – информираат од црковниот храм.

Ве покануваме возљубени наши браќа и сестри, та сите заедно да се помолиме на нашиот Господ Исус Христос поучувајќи се од нашиот Свет Владика – стои во соопштението од храмот Св. Кирил и Методиј.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.